Електронското огласување тендери ќе биде потранспарентно

Bez autora
Nov 29 2011

Електронскиот систем за јавни набавки ќе се менува, а компаниите треба активно да се вклучат со свои предлози во проширувањето на бројот и на опфатот на категории што им се на располагање. Целта на измените е подобрување на услугите што им се нудат на компаниите и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста. Според директорка на Бирото за јавни набавки Маре Богева-Мицевска, системот овозможува бесплатно објавување на огласи две години, а од наредната година ќе понуди подобри услови со кои ќе можат компаниите да добиваат поточни информации за објавените тендери на вистинско место и време. Во план е наредната година да ја подобриме услугата и да го прошириме бројот на категории што ќе можат да бидат пребарувани од страна на економските оператори, односно тие да добиваат поточни информации за сите објавени огласи. Секој регистриран корисник во електронскиот систем, за кратко време, на својата електронска пошта, ќе ги добива сите потребни информации за нов тендер од својата дејност.

Електронското огласување тендери ќе биде потранспарентноЕлектронскиот систем за јавни набавки ќе се менува, а компаниите треба активно да се вклучат со свои предлози во проширувањето на бројот и на опфатот на категории што им се на располагање.

Целта на измените е подобрување на услугите што им се нудат на компаниите и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста. Според директорка на Бирото за јавни набавки Маре Богева-Мицевска, системот овозможува бесплатно објавување на огласи две години, а од наредната година ќе понуди подобри услови со кои ќе можат компаниите да добиваат поточни информации за објавените тендери на вистинско место и време.

„Во план е наредната година да ја подобриме услугата и да го прошириме бројот на категории што ќе можат да бидат пребарувани од страна на економските оператори, односно тие да добиваат поточни информации за сите објавени огласи“, додаде Богева-Мицевска. Секој регистриран корисник во електронскиот систем, за кратко време, на својата електронска пошта, ќе ги добива сите потребни информации за нов тендер од својата дејност. Иако не ја прецизираше точната бројка за поништени тендери за оваа година, со цел да се намали нивниот број, Богева-Мицевска истакна дека е неопходна едукација како на страната што ги распишува тендерите, така и на страната што конкурира.

„Потребни се појасни процедури и почиста документација кога се аплицира. Едукацијата мора да продолжи од двете страни, со што ќе се овозможи успешно и транспарентно спроведување на јавните набавки“, истакна Стојмирка Тасева, од Стопанската комора на Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik